Заев до Мицкоски: Зошто никогаш не сте прашале за луѓето осудени за 27 април, а прашувате за своите бизнис партнери

Жесток предизборен дуел меѓу лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Законот за јавното обвинителство, уставните измени за промена на името и насилството на 27 април. Мицкоски посочи дека за овој настан има драконски казни, на сметка на многу поголеми кривични дела.

-Тоа за мене е суштински проблем. И сега се прашуваме зошто е тоа така. Зошто судството не ни е функционално и зошто сме 106-ти на скалата на корупција и сме хибриден режим и зошто лугето си одат од државатга. Тој што ја отвори вратата е невин, а останатите се виновни. Вие се помиривте со тој човек затоа што ви требаше, го уценивте, а потоа го држевте заробеник дома, за да го ослободите за да дојде во парламентот и да гласа. Овие процеси еден ден ќе имаат завршница – рече Мицкоски.

Прочитајте и...  Во „Викендот без ДДВ“ ќе се купуваат домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Според Заев, пак, морални предавањета држи човек кој самиот учестсвувал во настаните од 27 април.

-Насилството е осудено. Вашата политичка паритија сакаше мене да ме убие и другите пратеници. Имаме јасен случај каде се изманипулирани тие луѓе и донесовме јасно разграничување со закон. За насилство сите се осудени и тие што не се, процесите им траат во Апелација. Јасно е разграничено што е насилство, а што манипулација. Вие бевте во толпата каде се отвораат вратите каде се кажува каде е Заев – рече првиот човек на СДСМ.

Заев директно го праша Мицкоски зошто никогаш не прашал што се случува со луѓето за кои мисли дека се изречени драконски судски казни.

Прочитајте и...  Азербејџан прогласи воена состојба: Ерменија размислува да ја признае независноста на Нагорно-Карабах

– Кога сте знаеле за сите тие средби кај што сме гледале, да прашате за одредени поединци. Па вие никојпат не сте прашале дали има разграничување на правда за едни, а за други не. Сте знаеле за вашите бизнис другари да прашувате кога сме имале разговори за СЈО и за другите законите. На пример сте прашувале за Димитар Димовски. Никогаш немавте став. Чесно е да кажете, не ми е дозволено како претседател на партија затоа што сум инструмент на Грувски – рече Заев.

Прочитај повеќе

Кралот на Јордан го распушти Домот на пратеници и нареди да се одржат избори

Слободен печат

„Ако биде потребно ќе бидат повикани резервистите“: Што точно значи воена состојба?

Слободен печат

Лукашенко му возврати на Макрон: Тој требаше да даде оставка пред две години

Слободен печат

Кој е подготвен за судирот меѓу Азербејџан и Ерменија – Едната страна има драстично повеќе војници

Слободен печат

Макрон: Хезболах да разјасни дали е партија или милиција

Слободен печат

Помпео вечерва во посета на Грција, разговарал со Столтенберг за тензиите во источниот Медитеран

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Света е наш претседател”: Повеќе од 100.000 демонстранти на улиците во Белорусија

Фамилија шеташе на островот Хвар, а набргу ги потопи бран (ВИДЕО)

Слободен печат

Во напад во Нигерија се убиени 18 луѓе, одговорноста ја презема Исламска држава

Слободен печат

Заев и Борисов телефонски разговараа за соработка меѓу двете земји

Слободен печат

Трамп: Бајден треба да се тестира за дрога пред дебатата

Слободен печат

Деми Мур се уште влече трауми од „валканите нешта“ на кои ја принудувал поранешниот сопруг Ештон Кучер

Слободен печат