Заев до Мицкоски: Сѐ уште верувате дека власта треба да се меша во судството?

Во однос на Законот за Јавно обвинителство и маршот на СДСМ за правда, Заев изјави дека сите услови се исполнети, односно законот е донесен и останува на правосудството да ги спроведе промените.

Кога зборува Мицкоски како Груевски да го слушам постојано. Се уште има уверувања дека извршната власт има право да се меша во судството. Законите се донесени, во такви околности очекуваме правосудството да ги носат одлуките согласно Устав и закон, но се повторува истата матрица во говорите на ВМРО-ДПМНЕ. Во демократија различна е парламентарна, извршната и судската власт. Затоа велам дека Мицкоски не може се одлепи од Груевски, како на плејбек. Еднаш треба конечно да се оградите од Груевски, изјави лидерот на СДСМ и експремиер, Зоран Заев.

Во однос на Законот за Јавно обвинителство и маршот на СДСМ за правда, Заев изјави дека сите услови се исполнети, односно законот е донесен и останува на правосудството да ги спроведе промените.

-Извршната власт ги изготви решенијата, парламентот ги донесе решенијата. Сега останува самата примена на Законот за ЈО. Маршот беше да испратиме порака дека будното око на јавноста е кон судиите и обвинителите. Не треба да се дозволи никогаш повеќе да застаруваат предметите. Доколку застари предмет, судијата треба да биде разрешен. Не смеат да се чуваат во фиока предметите и да се одложуваат рочишта. Судството е незавинса власт, не треба да има местење како до 2018 година кога се деригираа судиите и се местеа. Она што очекуваме е тоа што го збори народот, а тоа е доколку има докази да има осуда без никакво влијание врз правосудството, вели Заев.

Заев истакна дека случајот Рекет на 21 април го пријавил во Обвинителството и кај јавната обвинителка како кривично дело.

-Ова е кристално јасен случај за тоа како се постапува, рече Заев, на што Мицкоски реплицираше и го потсети дека пред некој ден, неговиот сопартиец уредно пријавил кривично дело исто така кај јавната обвинителка за што е сочинет записник, направени копии и дадени се печатирани документи.

-Тоа е „корпус деликти“ за пријава, вие тоа го немате. Ова што вие го кажувате е „царот е гол“. Фатени сте дека не ја говорите вистината и при тоа се вадите со тефтерчето во кое сте провериле кога сте го пријавиле случајот. На овој начин се пријавува во Јавното обвинителство, а се друго е бајка и приказна, рече Мицкоски.

На тоа Заев му одговори дека во минатото се се ставаше под тепих, за разлика од сега кога се обелоденува во разговор со обвинител. Посочи дека случајот директно го пријавил на 22 април во Јавното обвинителство пред државниот обвинител и пред обвинителката за организиран криминал.

-Тоа можат да Ви го потврдат. Дали има записник треба да каже Обвинителството. Јас го пријавив случајот и не знам дали воделе записник и како тој е архивиран, рече Заев и посочи  дека не се сеќава дали потпишал документ за пријавување на случајот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот