Заев: До 2021 година, минималната пензија ќе изнесува 10.700 денари

Носителот на кандидатската листа во изборната единица 4 Зоран Заев, заедно со носителката во ИЕ 1,  Мила Царовска денеска остварија со пензионери од Општина Кисела Вода.
– За три години, Владата предводена од СДСМ покажа целосна грижа за највозрасните граѓани, а преку чесните и одговорни политики на СДСМ, пензиите пораснаа за речиси 1.800 денари и просечната пензија денеска изнесува 15.500 денари.
Тоа, додаде тој, е мотив да продолжиме со уште поголема и подобра грижа за пензионерите во следните четири години.
– Денеска, пензискиот фонд е стабилен, загарантирани се пензиите на сегашните но и на идните пензионери. И во следните четири години пензиите ќе продолжат да растат. До 2021 година најниските пензии ќе пораснат за најмалку 21 отсто, а минималната пензија ќе изнесува 10.700 денари, посочил Заев, повикувајќи ги граѓаните да излезат на 15 јули и на безбедно гласање да заокружат број три „за да продолжи напредокот и да не ризикуваат преку негласање да се врати режимот кој само земаше пари од граѓаните”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот