Заев: Денес се обврзуваме да градиме вистински дом на демократијата на сите граѓани на С. Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се огласи на Фејсбук во врска со конститутивната седница на Собранието, која се одржува денеска, по парламентарните избори, кои беа спроведени на 15 јули.

-Нашиот парламент денеска ја одржува првата, конститутивна седница со учество на народните пратеници кои ја изразуваат волјата на граѓаните кои гласаа на парламентарните избори на 15 јули, напиша Заев.
Истакна дека пратениците на денешната седница се обврзуваат да градат независен и одговорен Парламент.
-Денес се обврзуваме да градиме независен и одговорен парламент, вистински дом на демократијата на сите граѓани на Северна Македонија, напиша Заев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот