Заев денес ќе оствари средба со Мицотакис

Премиерот Зоран Заев денеска треба да се сретне со шефовите на Владите на Грција и Бугарија – Киријакос Мицотакис и Бојко Борисов на Самитот во Солун, кој се одржува под покровителство на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Средби со голем број деловни луѓе од компании кои сериозно работат со нашите институции, најави вчера премиерот Зоран Заев за време на неговата посета на Солун, каде ќе се сретне и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Заев одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на филолошки и на културолошки истражувања” во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” – Скопје рече дека утре заминува за Грција и нагласи дека ќе се обрати на годинашниот Самит во Солун и ќе информира присутните за сите предности што ги има во земјава.

-Сакам да го споделам чувството на задоволство, колку е голем интерсот на грчките компании, особено за долната половина на државата поради близината на транспортот- рече Заев.

Самитот во Солун се одржува денес и утре под покровителство на претседателот на Република Грција, Прокопиус Павлопулос.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев на самитот е поканет заедно со претседателите на владите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов за да учествува на дискусијата „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи”, која ќе се одржи во четврток вечер на 14 ноември.Самитот во Солун оваа година се одржува по четврти пат, во организација на Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемништво, и Американско-грчката стопанска комора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот