Заев: Да се посипеме со бензин и ние да се самозапалиме зошто модуларната болница во Тетово беше без дозвола за градба?

Зоран Заев / Фото: Скриншот

Според начинот на изградба на модуларната болница во Тетово таквиот вид болници не се поставуваат со дозвола, туку со решение за примопредавање, изјави премиерот Зоран Заев денеска на новинарски прашања.

-Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници. Ова беа модуларни контејнери и за нив има примопредавање, а не употребна дозвола, одговори Заев, и притоа додаде дека со слична постапка се поставуваат и маси пред кафулиња. И што треба сега, сите да се посипеме со бензин и да се самозапалиме“?, иронично додаде премиерот. 

Тој денеска се осврна и на растот на цените и напомена дека е помал од генералниот раст на цените на светско ниво. Засега, според него, нема никаква причина за покачување на лебот.

Според него  намалувањето на ДДВ на цената на струјата од 18 на пет проценти е токму еден од најважните услуги. Како што рече, цената се уште се одржува стабилно, без да се покачува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот