Заев: Да се отфрлат предрасудите, субвенции ќе има за сите етнички заедници и иницијативи

Фото: mia.mk

Во владината програма е точно прецизирано поттикнување и соработка со бизнис секторот за поддршка на добрите меѓуетнички односи и меѓусебната доверба. Целта меѓу другото е да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага земјата. Тоа е особено важно, да зборуваме за промена на свеста кај секој од нас и отфрлање на предрасуди од кој било тип, со цел секој квалитетен кадар да биде соодветно ангажиран, за да дадеме максимум придонес во нашето општество, порача премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конфереција со министерката за образование и наука Мила Царовска, на која беше презентирана Националната онлајн платформа за учење, како одговор на новинарско прашање за најавените субвенции за компании за вработување на малцинствата.

– Субвенции ќе има по работни места, ќе имаат предност квалификуваните работници или граѓаните, така што верувам дека во духот на општество ориентирано кон граѓаните ќе ја реализираме и оваа програмска определба на Владата, изјави Заев.

Премиерот најави дека субвенции ќе има и за Македонците, и за Албанците, и за Турците, и за Србите и за Власите, и за Ромите, и за Бошњаците, за сите во нашата земја, и, подвлече, тие ќе бидат еднакво организирани за сите граѓани.

– Не само преку делот на субвенции и поддршка на отворање на фабриките, туку и преку Законот за стратешкитие инвестици. Разговараме за неколку стратешки инвестиции, како што е ставање во функција преку стратешки партнер на Тутунскиот комбинат во Куманово, но и да се вработат граѓани на целиот кумановски регион. Таму ќе се вработат и Албанци и Срби и Македонци, пред сè во нивната квалификација, но регионот има најмногу невработени во државата и таму ќе алоцираме средства, појасни Заев.

Како примери ги наведе и проектот на „Еколог” од 300 милиони евра што, како што рече, го преговараат преку Законот за стратешки инвестиции во тетовскиот регион или проектот СТП дигиталниот центар во Карпош заради вработување млади, пред сè, со информатичките технологии или Центарот во Неготино.

– Субвенции ќе има за сите етнички заедници, за сите иницијативи. Ќе продолжи регионалниот пристап, ќе гледаме низ регионите и низ потребата од квалификувана работна сила, но и на мотивацијата на граѓаните да се квалификуваат за потребите на пазарот на трудот. Едниот дел преку мерките од Агенцијата за вработување, вториот е низ образовниот процес. Да продожиме на ваков еднаков пристап, имаме заедничка програма, која дава конкретен исчекор и одговор на решавање на проблемите на граѓаните, како граѓани. Ние сме едно еднакво општество и ќе продолжиме во тој правец да ги развиваме своите политики, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот