Заев: Да не се повторат никогаш повеќе настаните од 27 април 2017

Премиерот Зоран Заев денеска потсети на лузните што ги носи како еден од учесниците на, како што рече, непосакуваните настани од 27 април 2017 година и ја испрати пораката – да не се повтори никогаш повеќе, ни во Северна Македонија, ниту било каде во светот.  

-Ќе го споделам уште еднаш чувството дека тој 27 април 2017 година два часа и 15 минути секоја секунда јас, колегите пратеници и новинарите околу нас чекаа да го изгубат животот. Буквално секоја секунда вековиште беа тие два часа и 15 минути. Денеска да се организира собир за да се даде поддршка на осудени луѓе кои се обидоа на очиглед на јавноста  јавно да убиваат и ликвидираат новинари, камермани, пратеници во Собранието е или забеганост или е соучешниство, ништо друго, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.  

Мене лично, како што рече, ме мотивира да продолжам да се борам и да не се повтори никогаш повеќе  ни кај нас, ниту било каде во светот, затоа што е застрашувачки да го видите лидерот на опозицијата, односно алтернативата на власта како презема одговорност и чест, како е прв меѓу поддржувачите на луѓе кои се веќе правосилно осудени и уште повеќе на очиглед на целата јавност сите знаеме дека се обидоа да убијат. 

-И навистина ова е надвор од здравиот разум. Сакам да ја потсетам македонската јавност да има секојпат предвид што всушност има во државата, што се алтернативите коишто постојат во нашата земја и да не дозволат  девијантни појави коишто Северна Македонија повторно ќе ја однесат во неповрат или во грозотија од која што сите бевме згорзени на тој 27 април. Пораката е граѓаните, сите ние, да си ја чуваме Северна Македонија, нашата татковина, нагласи Заев по пуштањето во употреба на фабриката на германската компанија „Гересхајмер” во ТИРЗ Скопје 2 во Бунарџик. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот