Заев: Да купуваме домашни производи, да им помогнеме на економијата и домашните компании

Претседателот на СДСМ и носител во Четвртата изборна единица Зоран Заев денеска апелираше граѓаните да купуваат домашни производи особено сега бидејќи на таков начин, како што рече, ја помагаат домашната економија и ги помагаат нашите вредни производители на македонски производи и на македонска квалитетна храна.
– Преку третиот пакет мерки пуштивме во оптег 355 милиони евра на 730.000 корисници, преку платежни картички, ваучери, поддршка за младите и студентите, и други мерки. Овие пари преку платежните картички и ваучерите ќе завршат во македонските компании и бизниси и ќе им помогнат да ги зачуваат работните места, да ја надминат кризата и повторно да се насочат кон раст, отворање на нови работни места и пораст на платите на своите вработени, изјави Заев, кој денеска ја посети тераписката заедница „Покров” во село Водоча, Струмичко.
Заедницата се занимава со социјално претприемништво и рехабилитација и ресоцијализација на лица кои биле зависници од употреба на наркотични средства, алкохол и други психотропни супстанци.
„Покров”, како што рече, е еден пример на социјално претприемништво кој треба да се следи бидејќи овозможува позитивни општествени промени и социјална инклузија на корисниците на оваа програма.
-Во следниот четиригодишен мандат планираме силно да ги подржиме иницијативите за формирање на вакви социјални претпријатија со нов закон за поддршка на социјално претприемништво, со фокус на младите и жените, и со отворање на три центри за поддршка на социјални претпријатија. Производството на квалитетни македонски земјоделски производи коишто произлегуваат од Покров е промоција на нашиот земјоделски потенцијал во струмичкиот регион кој уште посилно ќе го впрегнеме да биде еден од главните мотори на новата македонска економија, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот