Заев: Да го решиме прашањето за јавното обвинителство до 15 октомври

Идната недела би бил спремен да се сретнам со шефот на опозицијата за законот за јавното обвинителство. Ако направиме исчекор водени од интересите на државата, можеме да постигнеме договор, вели премиерот Зоран Заев во интервју за Гласот на Америка.

Заев е оптимист дека до 15 октомври, кога се очекува одлука на министрите на ЕУ за доделување датум за преговори за членство во Унијата, ќе биде постигнат договор за јавното обвинителство.

– Очекувам дека штом се вратам веќе ќе има нешто подготвено од работните групи, од преговарачите од двете страни. Идната недела би бил спремен да се сретнам и со шефот на опозицијата или самите работни групи да направат една средба. Тоа значи дека пред министерскиот совет (на ЕУ), некаде 15, 16 октомври е убаво да го решиме ова прашање. Секако, никогаш не е доцна за такво решавање, но со самото решение ќе испратиме уште една порака за нашата политичка и демократска зрелост дека навистина и она што не е дел од извештајот за нашата земја, сепак, наоѓаме начин да го надминеме – вели Заев.

Прочитајте и...  Силен и пороен дожд поплави улици во Битола (ВИДЕО)

Според него, на крајот, тоа е важно за нас дома да го решиме, за да знаеме дека и понатаму имаме гаранција за независност на правната држава, обвинители кои ќе водат истраги што ќе бидат важни, за да го покренеме и економскиот стандард на граѓаните.

Тој во интервјуто вели и дека не би сакал да зборува за предвремени избори, најдоцна до крајот на октомври 2020 година. Смета дека треба да им се остави на граѓаните да почувствуваат бенефит од, како што наведува, големите интеграциски договори за НАТО и ЕУ.

Прочитај повеќе

Бајден: Америка има можност да го искорени системскиот расизам (ВИДЕО)

Слободен печат

Спасовски: Создадени се услови за напредок со цел повисоки плати и пензии

Слободен печат

Лагард: Пандемијата на коронавирусот длабоко ќе ја промени светската економија

Слободен печат

Филипче: Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија е целосно реновирана (ФОТО)

Слободен печат

Најнеизвесните избори досега: Хрватска денеска ќе гласа за новиот парламентарен состав

Слободен печат

СЗО ги прекинува испитувањата: Хидроксихлорокин не ја намалува смртноста од коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Партиите продолжуваат да ги презентираат изборните понуди на средби со граѓани

МИА агенција

СЗО: Рекордно дневно зголемување на бројот на новозаразени – Нови 212.326 случаи на коронавирус

Слободен печат

Вкупниот број на активни случаи изнесува 3.611, Чаир со најмногу заразени

Слободен печат

Шекеринска од Дебар: Минималната плата ќе биде 20.000 денари

Слободен печат

Силјановска – Давкова: Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен

Слободен печат

Мицкоски: Се пријавувам да бидам првиот кандидат за ветинг на македонската политичка сцена

Слободен печат