Заев: Да го направиме последниот исчекор со опозицијата и да го однесеме законот за СЈО

Драган Митроски

Досега 21 земја го ратификуваше протоколот за членство во НАТО, а САД го почнаа процесот и очекуваме во септември или октомври оваа постапка да биде завршена, рече премиерот Зоеан Заев на денешната заедничка прес-конференција со вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој престојува во работна посета на нашата држава.

– Поддршката што ја добиваме од САД е исклучителен поттик за нас. Ние сме целосно посветени на реформската агенда и решенија ги доставуваме во соработка со опозицијата. Отворени сме и за поседниот заеднички исчекор законот за СЈО за да покажеме заедно со опозицијата дека сме единствени во она што е важно за државата – рече Заев.

Тој повтори дека сите известувања се во насока на тоа дека во октомври ќе стигне одлуката за старт на преговорите со ЕУ и дека никој во ЕУ, во земјава и во регионот не сака разочарувања.

-Сите го очекуваат признанието за спроведените реформи, решавањето на прашањето со соедите – рече Заев.

Прашан што сакал да каже во изјавата дека ако не се донесе законот за СЈО до септемрви во процедурата што сега се тера, дека ќе се донесе на непосакуван начин, тој објасни дека посакуван начин е со дебата и консензус без да се нарушат црвените линии, а непосакуван е кога се бараат некои други нерегуларни начини.

-Ако до 15 септември не се донесе законот завршува мандатот на шефот на СЈО, но не и на СЈО. Не  знам точно кои се непосакуваните начини, но ќе мора да седиме на лидерски средби, да се консултираат стручњаци, мора да го најдеме начинот. Целта е да бидеме одговорни политичари да седнеме сите, направивме сериозен исчекор, опозицијата е вградена со своите сугестии – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот