Заев: Да барате од работникот да ви ги врати парите назад е зло, казната за ова дело е затвор

Премиерот Зоран Заев, денеска во одговор на новинарско прашање поврзано со покачувањето на минималната плата, изјави дека е „големо зло“ доколку работодавците им ја исплатат минималната плата од 14.500 на граѓаните, а потоа бараат одреден дел од тие пари назад.

– Ако државата, синдикатот, коморите, стиснале заби и направиле сериозен чекор поврзан со минималната плата, во амбиент кога државата ги супституира придонесите за секое покачување на платата, вклучително и минималната плата, сакам да знаат сите, дека оваа незаконост која ја спомнавте како можност е казнлива одма и веднаш. Не само што е незаконитост тоа е и зло – изјави Заев на денешната промоција на веб платформата „Отворени финансии“, одговарајќи на новинарско прашање.

– Зборуваме за плата од 14.500, сметките на четиричлено смејество месечно излегуваат 10.000 денари. Законите за ова кривично дело предвидуваат затвор. Ова е регулирано во кривичниот законик. Ова е должност и на трудовиот инспекторат, но и на финансиска полиција, управа за јавни приходи, а и мојот кабинет стои на располагање – рече Заев.

Тој рече дека покачувањето на минималната плата е ситуација во која сите победуваат, па така навистина не би било фер исплатените пари потоа да се бараат од работникот.

– Со минималната плата државата помага во придонесите. Ова е вин-вин ситуација за сите. И за работниците и за работодавците и за државата. Да го направиме чекорот, чесно искрено и законски, бидејќи казната за ова е затвор. Не се заканувам на никого, но барањето на парите од работниците по дадена плата е големо зло- заклучи премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот