Заев чистеше во скопската населба Бутел (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев, граѓани и државни административци денеска се вклучени во големата акција за чистење на јавните површини во земјава.

Администрацијата чисти со Не биди ѓубре

[? Во живо] Од акцијата #АдминистрацијатаЧисти со #НеБидиЃубре.

Publiée par Zoran Zaev sur Samedi 14 décembre 2019

 

Заев својот допринос во чистење на отпадот го даде во скопската населба Бутел.

– Откако сум премиер повеќе од 50 компании побарале право да да влезат во управување со отпадот. Велат дека е доходовен бизнис, се вади профит од него од секундарни сировини што се вадат и на крај од производство на гас од кој се произведува електрична енергија. Отпад ќе има се додека има и луѓе – рече Заев.

Денешната акција е во соработка на Владата на Македонија и раѓанското здружение „Не биди ѓубре“. Дел од државната администрација која ги чистеше зелените површини околу Младинскиот културен центар од една од грмушките пронајде фрлени тоалетна школка и фрижидер кој на ова место биле оставени од несовесни граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот