Заев: Бугарија не бара промена на Уставот

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Премиерот Зоран Заев во изјава по меѓународната научна конференција за македонскиот јазик изјави дека Бугарија не барала промена на Уставот.

– Бугарија не бара промена на уставот и сметам дека нема потреба од промена на договорот со Бугарија, изјави Заев на новинарско прашање, истакнувајќи дека актуелниот договор за добрососедство со Бугарија е добар.

Премиерот потоа истакна дека на денешната владина седница ќе се побара оставка од директорката Лидија Димова, која беше вмешана во скандал со злоупотреба на европски пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот