Заев: Бугарија ќе биде наш авангарден поддржувач

Бугарија е наш стратешки партнер и еден од најголемите пријатели на Република Северна Македонија, рече премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање кои се црвените линии за кои зборувал бугарскиот претседател Румен Радев кој на средба со амбасадори во неговата земја рекол дека поддршката на Софија за Скопје не е безусловна.

Заев на прес-конференцијата во Владата одговори дека треба да ја прочита изјавата на бугарскиот претседател за, како што рече, да се доинформира за тоа што тој го кажал, но нагласи дека верува оти Бугарија ќе биде авангардниот поддржувач на нашите интетрациски процеси и дека зборовите на Радев се мотивација да се надминат разликите на комисиите за историски прашања.

Прочитајте и...  Македонија испратила документи до Софија, се чека одговор

– Бугарија  е наш искрен и голем пријател, но истовремено интерес е и на Бугарија интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и во ЕУ. Тоа и претседателот Радев и премиерот Бојко Борисов го имаат многупати истакнато, така што верувам дека можеби употребата на зборовите значи и мотивација на двете страни да ги надминат отворените прашања кои во моментов се помеѓу двете комисии за историските разлики. Верувам дека пораката е во тој дух, рече Заев.

Токму Борисов и особено Радев, додаде македонскиот премиер, често говорат дека пријателството расте, се негува и унапредува.

– Ние имаме обврска така и да се однесуваме сите, истакна Заев.

Поврзани вести

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Тракторист намерно гази хаска

Илинка Иљоска

Силен земјотрес во Тихиот океан кај брегот на Салвадор, нема жртви

И.И.

Толку е „тапа“ годинава што и Оксфорд не внесе нов збор во речникот

Слободен печат

Со Бајден, САД ќе се залагаат за „ЕУ-гославија“

И.И.

Малезија ги затвора фабриките на најголемиот произведувач на заштитни ракавици, над 2.000 вработени се заразени

Слободен печат

Судењето на водачите на ОВК може да трае до 2030 година

Илинка Иљоска

Остави Коментар