-5 C
Скопје

Заев: Бучковски е само мотиватор за спроведување на Договорот со Бугарија, преговорите продолжува да ги води МНР

Премиерот Зоран заев денеска изјави дека специјалниот претставник на Владата за Бугарија Владо Бучковски треба да биде само мотиватор за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, а оти преговорите за изнаоѓање решение и натаму ќе ги води Министерството за надворешни работи.

-Бучковски како специјален претставник на Владата треба да биде оној кој ќе биде мотиватор на реализацијата на договорот. Преговорите ги води МНР на чело со министерот Бујар Османи, државниот секретар и кабинетот. Вклучен е и вицепремиерот за европски прашања кој е во контакти со европските министри задолжени за европски прашања и мојот кабинет со нашиот иден амбасадор во НАТО Дане Талески кој од почетокот е во овие разговори, рече Заев.

Прочитајте и...  Апсење што го „потресе“ регионот: „Зета тече тамо џе јој Брано рече!“

Тој истакна дека деновиве се прават напори да се изнајдат решенија, иако како што рече, го подготвивме народот дека постои можност да не се усвои преговарачката рамка, а со тоа да не се даде можност да се одржи првата меѓувладина конференција.

-Сепак стратегија на државата, лично моја посветеност и на сите министри е дека треба да продолжиме да разговараме во најмала рака да создаваме атмосфера и да отрстрануваме пречки за следното лето, но ако може тоа да го постигнеме и сега би требало да правиме напори до последен момент, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на фотонапонската централа на „ЕВН Македонија” АД, Скопје во населеното место Војшанци, Неготинско.

Прочитајте и...  Претрпеа големи маки од луѓето и демоните, денеска се празнуваат светите апостоли

Имеуван е, како што додаде, за една година, со тоа што ќе работи навистина на реализација на акцискиот план за поуспешно спроведување на Договорот со Република Бугарија

Поврзани вести

Во Вашингтон уапсено лице со оружје и лажна пропусница за инаугурацијата на Бајден

МИА Агенција

За 71 отсто намален бројот на патници од аеродромите во Скопје и Охрид

МИА Агенција

Петти ден по ред во Бразил над 1.000 умрени дневно од ковид-19

МИА Агенција

Бројот на жртви од земјотресот во Индонезија се зголеми на 56

МИА Агенција

Во Јакутија повторно измерени -47 степени Целзиусови

МИА Агенција

Си-Ен-Ен: Бајден на првиот работен ден ќе смени серија лоши или неостварливи одлуки на администрацијата на Трамп

МИА Агенција

Остави Коментар