Заев – Брнз: Искажана поддршка за борбата против корупцијата, европските реформи и можностите за унапредување на билатералната и економска соработка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев вчера на средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата земја, Кејт Брнз разговарале за неодамна усвоениот владин План за борба против корупцијата.

Како што соопшти владината прес-служба, во таа насока премиерот Заев истакна дека Владата е целосно посветена на неговото спроведување како системски организиран процес за зајакнување на капацитетите и за синхронизирање на активностите на институциите за бескомпромисна борба против корупцијата, непотизмот, судирот на интереси и злоупотреби на позициите, а амбасадорката ги поздрави ваквите напори.

Премиерот Заев и амбасадорката Брнз, се наведува, разговараа и за реформите предвидени со „Агенда: Европа дома“, во која, освен утврдените чекори за борба против корупцијата, се вклучени и мерки за обезбедување европски стандарди за изборните реформи, за правосудството, темелните човекови права, реформите во медиумската сфера, економско владеење, реформа на јавната администрација, како и за реформите во областа на животната средина и климатските промени.

Со посебно внимание премиерот Заев и амбасадорката Брнз се задржаа на можностите за унапредување на економската соработка и за пројавениот интерес на некои компании од САД да инвестираат во Северна Македонија, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот