Заев: Бошњачката заедница дава огромен културен и економски придонес за развој и просперитет на нашата земја

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во земјата.

Премиерот Заев во честитката истакнува:

– Денешниот празник – Меѓународниот ден на Бошњаците е ден кога сите ние го славиме нашето заедништво, достојно почитувајќи ги различностите, кои му се потребни на нашето општество. Владата, заедно со сите граѓани посветено го гради и унапредува концептот за развој на едно, еднакво и праведно општество и интеркултурен дијалог, како заедничко богатство, со здружена определба за почитување, толеранција и унапредување на етничките и културните разноликости. Бошњачката заедница дава огромен културен и економски придонес за развој и просперитет на нашата земја, која ги почитува европските и евроатлантските вредности, како темелен принцип за изградба на современа демократска држава. Дозволете, денеска, од име на Владата на Република Северна Македонија и од мое лично име да упатам најискрени честитки по повод 28 септември, посакувајќи да ни траат, заедништвото, почитта и единството, зашто само така можеме да изградиме перспективна иднина за нас и за нашите деца“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот