Заев: Благодарност и поддршка за медицинските сестри кои се грижат за поединците и заедниците

Денеска на Меѓународниот ден на медицинските сестри, им ја упатуваме нашата огромна благодарност и поддршка на најголемата група на здравствени работници, кои секогаш во првите редови се грижат за здравствените потреби на поединците и заедниците, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук.

Медицинските сестри, кои најмногу време минуваат со пациентите и со нивните семејства, како што пишува Заев, освен стручната помош, се на местото кога зборот и гестот добиваат посебна исцелителна поткрепа за пациентите и нивните семејства.

-Оваа година, во битката со КОВИД-19, тие го заслужуваат целото наше внимание, вниманието на институциите и на здравствениот систем, пишува Заев на ФБ, честитајќи го 12 мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот