Заев: Благодарам до мојата другарка Шекеринска

Имајќи предвид дека ова e изборен конгрес на кој ќе се бира нов состав на ЦО на Надзорниот одбор, а потоа и ново раководство на партијата, ја користам оваа прилика, да им се заблагодарам на сите кои беа дел од досегашното раководство на партијата, рече денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев во своето обраќање на 26. изборен конгрес на партијата.

Тој се заблагодари на заменик претседателката Радмила Шекеринска за досегашната соработка. Шекеринска денеска, заедно со Заев, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Мухамед Зеќири, Коста Петров, Мила Царовска , Душко Весковски, Марко Михаиловски, Снежана Калеска Ванчева и Сања Лукаревска е дел од предлог – работното претседателство, кое беше усвоено од делегатите со 700 гласови „за“, пет „против“ и пет „воздржани“.

– Благодарам другарки и другари што се вклучивте во важни државнички процеси, што дадовте придонес во успесите, како на партијата, така и на државата. Благодарност до мојата другарка Радмила што беше моја заменичка во најтешките години, кога земјата ја извадивме на прав пат. Продолжуваме заедно. Пред социјалдемократското семејство се нови успеси. Успеавме досега, а сега имаме нова обврска повторно да успееме – за граѓаните , за државата, за иднината, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот