Заев: Билатералните прашања немаат место на преговарачката маса

фото Архива

– Отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ останува наш највисок стратешки приоритет, а ја користам оваа прилика уште еднаш да го потенцирам она што верувам е јасно и за Брисел, дека билатералните прашања немаат место на преговарачката маса, став за кој недвосмислено се согласивме со Помошникот Државен Секретар Филип Рикер, вели премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција одржана заедно со В.Д. помошникот државен секретар за Европа и Евроазиски прашања на САД, Филип Рикер.

Премиерот додаде дека земјава нема да се откаже од изнаоѓање заеднички прифатливо решение со Република Бугарија засновано врз европски вредности и стандарди, но вели дека има некои прашања за кои не може да се преговара.

– Северна Македонија нема да отстапи од изнаоѓање заеднички прифатливо решение со Република Бугарија засновано врз европски вредности и стандарди. Посветени сме да работиме со добра волја на имплементација на Договорот за пријателство и добрососедство на сите области од заеднички интерес, вклучително и на Комисијата за историски прашања, но има некои прашања за кои не може да се преговара, додаде Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот