Заев: Бигорскиот манастир е еден од најсилните врутоци на духовноста на МПЦ – ОА

Зоран Заев / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.
Бигорскиот манастир, ден денес е еден од најсилните врутоци на духовноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.
-Илјадагодишната традиција и придонесот во негувањето на духовното и културно историско наследство, грижата за уметничките реткости и постојаните социјални и хуманитарни активности на монасите од Бигорскиот манастир се длабоко втемелени и се дел од историјата на македонскиот народ. Со своето значење и убавина манастирот е значаен дел и од светското културно наследство, напиша Заев.
Премиерот во свое име и во име на Владата упати честитки по повод исклучителниот јубилеј – 1000 години од основањето од Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител”, до епископот Антаниски г. Партениј и игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител”, до монасите од манастирот, до Синодот и свештенството на МПЦ-ОА, како и до сите припадници на православното христијанство во чии срца овој манастир има посебно место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот