Заев: Беззаконието и криминалот мора да бидат соодветно третирани и професионално разоткриени

За сите случаи и предмети, истакна Заев, без разлика на кого се однесуваат, вклучително и сите случаеви на СЈО, мора да се гарантира професионална и ефикасна разрешница

Носењето за Законот за Јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата, тоа е европски успех и успех на правната држава, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

-Од страна на високи претставници на Европската унија сè повеќе се нагласува потребата за носење на овој закон и се поврзува со датумот на отпочнување на преговорите со Унијната. Сите демократски капацитети во државата и сите демократски сојузници на државата се залагаат за законско решение кое ќе гарантира дека политичарите и политиката ќе бидат настрана од правосудството, дека политичарите нема да бидат обвинители- рече Заев.

За сите случаи и предмети, истакна Заев, без разлика на кого се однесуваат, вклучително и сите случаеви на СЈО, мора да се гарантира професионална и ефикасна разрешница.

-Беззаконие и криминал, мора да бидат соодветно третирани и професионално разоткривени и казнувани. Тоа е можно само со обвинителство ослободено од влијанието на политиката- рече Заев.

Особено ја повикувам опозицата да се надмине себеси со прифаќање на законско решение за јавно обвинителство, да докаже дека е против криминалот и дека е за владеење на правото, рече Заев и додаде дека носењето на законот за ЈО ја гарантира европската иднина на државата.

Заев, во однос дали има одговор од независните пратеници, рече дека полагаат сериозна надеж кај пратениците од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од опозицијата, македонска, албанска од сите политички партии, од парламенарното мнозинство, со цел, како што рече, да се постигне консенус, ако не друго барем за двотретинско мнозинство за овој закон.

Информира дека денеска се повикани сите политички партии и парламентарни групи од министерката за правда Рената Дескоска, со цел да го отворат законот и да почне дискусијата со цел негова брза  финализација.

– Времето е навистина многу кратко, знаејќи дека има комисија и парламентарна процедура за финалното гласање, распуштањето на Парламентот е на 12 февруари, и неможноста повеќе да се одолговлекува оваа работа. Недозволиво е било какво одолговлекување и во консултација со министерката за правда одлучивме да се повикаат сите политички субјеикти. Повикана најпрво е најголемата опоизициска партија па потоа вториот коалиционен партнет во владата ДУИ, па независната пратеничка група, и верувам дека ќе се изнајде решение за доброто на државата, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот