Заев: Атанасов си поднесе оставка бидејќи не беше назначен за министер за образование

Фото: МИА

Во вечерашното интервју за телевизија Сител, премиерот Зоран Заев ја образложи оставката на заменик министерот за образование, Петар Атанасов.

Заев рече дека му е жал поради тоа што Атанасов на ваков начин си поднел оставка, и истакна дека тоа го сторил поради тоа што не бил назначен за министер за образование.

– Жалам што господинот Петар Атанасов си поднесе оставка на таков начин. Ред е да кажам, тоа го направи затоа што не стана министер за образование, бараше од мене да стане министер за образование, но не стана министер. Јас во саботата ја донесов конечната одлука и му ја соопштив – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот