Заев: Аријанит Хоџа ќе постапи по укажувањата на Антикорупциска

Премирот Зоран Заев изјави дека добил потврда од министерот за земјоделство, шумарство и водостаопанство, Аријанит Хоџа дека тој има намера да постапи согласно укажувањата на Државната комисија за спречување на корупција во однос на управувањето со неговата семејна фирма.

– Арјанит Хоџа ме информираше во петокот на пат кон Богданци дека има намера да постапи по укажувањето. Ние секогаш сакаме согласно сите укажувања на ДКСК да постапиме. Тој испрати апел до мене како претседател на Влада, Владата веднаш да постапи по укажувањето, испорачавме соодветно на законот и согласно тоа и тој лично да си постапи по укажувањето, односно ако се сеќавам после неговото назначување на функцијата министер сопругата ја има ставено да биде управител на нивната семејна фирма каде што по законот вика близок член на семејството е недозволиво, значи мора да стави друг управител. Ме информира дека тој лично ќе постапи, а секако испрати апел и до мене како претседател на Владата и Владата да постапи согласно укажувањата на ДКСК, вели Заев на новинарско прашање по сведочењето за предметот „Титаник”

Антикорупциската комисија отвори постапка против Хоџа бидејќи во неговата семејна фирма по стапувањето на функциите, поставил блиско лице, односно сопругата да управува со компанијата, со што го прекршил законот кој тоа го забранува.

Ивановска: Министерот Хоџа го прекрши Етичкиот кодекс, очекуваме Владата да го санкционира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот