Заев: Ангажирањето на Кочо Анѓушев е за овој мандат на владата

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Премиерот Зоран Заев и министерката за финансии, Нина Ангеловска одржаа прес-конференција во Владата на РСМ на тема Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2020 година, на која премиерот истакна дека ангажирањето на Кочо Анѓушев се однесува за овој мандат на Владата.

– Ангажирањето на Кочо Анѓушев е за овој мандат на владата. Тој е повикан да биде претседател на коморите, а како што знаеме тој е сопственик на комапнии и во разговорот со него дознав дека неговите компании бележат пад- рече премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со министерката за финансии Нина Ангеловска.

Тој е одговорен политичар, рече Заев, и е потребен на неговите компании, па и на владата.

-Ќе разговараме со него и ќе видиме што ќе се договориме – рече премиерот Заев на денешната пес- конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот