Заев: Ако теоретски нема трета вонредна состојба, тоа значи дека изборите ќе бидат на 8 јуни

Според него, сите се согласиле дека избори треба да има 22 дена по укинување на вонредната состојбата.

Лидерската средба е пред се на барање на Претседателот на опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ, којшто се интересираше зошто СДСМ има иницијатива за свикување на Парламентот, тоа денеска го расчистивме, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев по лидерската средба која се одржа во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

-Уште еднаш утврдивме дека се истрошени сите можности Пармалентот да биде свикан. СДСМ и Коалицијата на сите можни начини направи демократски исчекори да се свика Пармалентот и тој да биде ставен во функција. Претседателот на Собранието и Уставниот суд потврдија дека тоа е невозможно, дека Парментот не може да се свика. Со тоа стана јасно дека единствено закажувањето на изборите е согласно Уредбата со законска сила на Владата, којашто се однесува на 22 дена од завршувањето на вонредната состојба во државата- рече Заев.

Утврдувајќи ги овие правни аспекти, барем еден дел заокруживме, потенцираше Заев.Според него, сите се согласиле дека избори треба да има 22 дена по укинување на вонредната состојбата.

-Истовремено, се проектираа одредени датуми, занаејќи ја оваа можност, ако теоретски нема трета вонредна состојба, тоа значи дека изборите ќе бидат на 8 јуни, ако се прогласи нова вонредна состојба од 30 дена, изборите би биле на 7 јули, ако се направи прогласување на вонредна состојба од две седмици, тогаш изборите би биле на 21 јуни, ако се прогласи вонредна состојба за уште една седмица, тогаш изборите би биле на 14 јуни- рече Заев.

Лидерот на СДСМ истакна дека опозицијата денеска не била спремна да разговара за датум и дека купува време. Сепак, верува дека на почетокот на наредната недела би  можело да биде постигнат договор за датум за избори.

На лидерската средба главна тема беа предвремените парламентарни избори, односно датумот за одржување на истите, кои беа одложени поради кризата со коронавирусот.

На средбата присуствуваа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

На средбата, исто така, беа поканети и присутни, претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот на Владата, Оливер Спасовски.

Мерките кои се донесени за превенција од коронавирусот на средбата беа запазени, а истата се одржа на отворено под тенда, на балконот од Вилата Водно. Сите учесници на средбата носеа маски и седеа на растојание еден од друг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот