-2 C
Скопје

Заев: Ако некој мисли дека треба да бидам сменет, бујрум, во април имаме избори

Премиерот Зоран Заев во денешното гостување на радио Канал 77 рече дека не му се лути на Бранко Црвенковски за изјавата дека СДСМ треба да се огради од него.

-Година ипол, две се немаме слушнато со Црвенковски. Сме си испраќале поздрави преку други луѓе. Не, не мислам дека претседателот Црвенковски требало да молчи. Јас мислам дека Црвенковски треба да биде активен во политиката. Тие политичари може да придонесат со своето искуство и знаење. И во многу други европски земји поранешните претседатели се активни. Сето тоа е коректив на политики, јас не се лутам за тоа. А, ако некој мисли дека поради овие ставови Заев треба да биде сменет од претседател на СДСМ, бујрум, во април имаме отворени избори, порача Заев.

Прочитајте и...  Интервју со градоначалникот на Карпош | Богоев: Не ѝ се погодив на урбаната мафија!

Поранешниот Претседател на РМ, основачот и долгогодишен Претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски минатата недела го замрзна своето членство во партијата по интервјуто на премиерот Заев за бугарската БГНЕС.

-Ставовите и тезите искажани во тоа интервју предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава. Направена е огромна и непоправлива штета. Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв. Се обраќам до вас почитувани сопартијци за да ви укажам на посебната одговорност што ја има нашата партија. Зоран Заев е претседател на СДСМ и наша е задачата да ја намалиме штетата колку што е можно повеќе. Ако нема никаква реакција ставовите на Заев ќе станат ставови застапувани од целиот СДСМ, а бидете убедени тоа ќе има катастрофални последици по партијата и што е уште полошо по државата- напиша Црвенковски до партијата.

Црвенковски го замрзна своето членство во СДСМ

Поврзани вести

Пелоси преку истражно тело ќе ја испитува блискоста на Трамп со Путин

Слободен печат

Вучиќ одржа лекција на регионот како се справува држава со акутна криза

С.Р.

МЗ: Вкупно 620 лица во моментов се хоспитализирани

Слободен печат

Зголемена е стапката на самоубиства во Јапонија во текот на вториот бран од пандемијата

Слободен печат

Вучиќ: Вакцините за Северна Македонија се братски потег

Слободен печат

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Богојавление – Водици

Слободен печат

Остави Коментар