Заев: Штетата во МНТ ќе ја плати директорката, доколку не ја подмират „Шверцерите“

Фото: Фејсбук

Премиерот Зоран Заев на доплнително пратеничко прашање денеска во македонскиот Парламет ја коментираше казната за директорката, по неодамнешното дивеење на „Шверцерите“ при прослвата на 30-годишниот јубилеј од постоењето во театарот.

Заев рече, дека ако навивачката група „Шверцери“ не ја плати штетата, тогаш ќе ја плати директорката на МНТ.

Директорката на МНТ ќе биде казнета со намалување на плататата за 15 отсто во траење од три месеци.

Посочувајќи дека постои правилник за наградување и санкционирање, Заев информира дека согласно тоа, дале укажување да има дисциплинска постапка.

– И затоа мора да има штета односно треба да има дисциплинска постапка со што ќе се извлече поуката да не се повтори повеќе. По правилникот ќе се оцени по таа дисциплинска постапка казна ли е, бркање од работа, не знам, разрешување на директор ли е. Службите ми кажаа дека е казна од плата и слично- рече тој.

Осврнувајќи се на тоа дека за овој случај Владата формираше работна група, премиерот Заев информира дека веќе е доставен извештај, реферирано е пред Владата, а денеска се реферира пред Парламентот.

– Мене ми е тоа јасно, така да надоместокот на материјалната штета ќе биде надоместок, со тие пари ќе се поправи сè што е направено, а духовната последица или етичката последица ќе си биде санкционирана соодветно согласно правилникот за казнување или наградување, рече премиерот Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот