Заев: Акцискиот план во фокусот до изборите во Бугарија, потоа ќе прибегнеме кон преговори на политички основи

epa07751726 Bulgarian Prime Minister Boyko Borissov (R) and his North Macedoni's counterpart Zoran Zaev (C) attend a wreath laying ceremony at the grave of Macedonian revolutionary Goce Delcev (L) in the garden of Orthodox church St. Spas in Skopje, Republic of North Macedonia, 01 August 2019. Bulgarian Prime Minister Boyko Borissov is in North Macedonia for a one-day official visit EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

За деталите од размената на идеи меѓу работните групи и министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, за нонпејперот, нашето последно размислување кон соседната земја, но и нивната реакција која следеше како одговор на нашиот Акциски план веројатно ќе бидат информирани пратениците во собраниската Комисија за надворешна политика, изјави премиерот Зоран Заев по рочиштето за судскиот спор со новинарот Зоран Божиновски, кого премиерот го тужи за клевета.

Заев напомена дека во координација со претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика ќе се договори точен термин за одржување на седницата на која пратениците од таа Комисија ќе бидат информирани за тековните случувања со Бугарија, при што ќе се земе предвид тие да немаат други работни обврски во Парламентот.

– Процесот на официјални преговори заврши. Јас верувам дека следува процес на реализација на Акцискиот план, а веднаш по изборите во Бугарија да влеземе во разговорите и преговорите на политички основи, затоа што секогаш пред избори е навистина нерационално и невнимателно да се преговара за политички теми. Но, можеме да работиме на Акцискиот план, на инфрастурктурата, спортот, на образованието, на информатичкото општество, на туризмот и на други обврски на двете страни со цел да го јакнеме пријателството меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, нагласи Заев.

Претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за МИА откри дека најверојатно оваа недела нашиот Акциски план и бугарскиот одговор на него ќе се најдат пред собраниската комисија за европски прашања или за надворешна политика.

Акцискиот план, кој ние и го понудивме на Бугарија и на кој тие сега одговараат, нема апсолутно никаков момент од идентитетски белези – јазик и нација, туку само предлагаме сет мерки што би требало да ја „олабават” атмосферата во наредниве месеци, нагласи Пендаровски во интервју за МИА.

Според него, одговорот на Софија на нашиот предлог Акциски план не излегува надвор од параметрите на старите бугарски одговори.

– Не можам да видам нешто суштински различно во нивните позиции. Меѓутоа, одговорот што го видов од бугарска страна на нашиот Акциски план практично не одговара на еден дел од нашите барања. Има и за тоа, меѓутоа, повторно во тоа вметнувате што вие мислите за идентитетските белези на македонската нација. Ние тоа не го бараме. Не го спомнуваме во Акцискиот план, бидејќи тоа е надвор од какви било преговори. Ви реков, можеме секоја друга област да ја зборуваме, не смееме и нема да зборуваме сигурно за тоа кои сме, што сме, додава шефот на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот