Заев: Ахмети погрешил комплетно, можам да наздравам со вино или ракија, но никогаш не сум бил пијан

Али Ахмети целосно промашил дека пијам ракија пред митинг, реагира лидерот на СДСМ, Зоран Заев по ијавата на првиот интегртивец дадена вчера во интервју за „Сири ТВ“.

Имено, на прашањето, зошто во последно време „ДУИ е мета на постојани напади“ од страна на експремиерот Заев, Ахмети рече дека „изјавите дека ДУИ ќе оди во опозиција Зоран Заев ги дава по испиени две-три чашки ракија, а после се кае“.

– Ако некој не пие алкохол, Зоран Заев е тоа. А, ја погоди работата човекот. Промашил комплетно. Значи Зоран Заев може со македонско вино, домaшна ракија да наздрави, ама под дејство на алкохол не сум бил никогаш пијан во животот – рече Заев во изјава за ТВ21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот