Заев: 27 земји потврдија дека Македонија е успешна и не се согласија со ставот на Франција

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Премиерот Зоран Заев, вечерва во интервју за телевизијата Алсат-М одговараше на прашања поврзани со најновите настани во врска со недонесувањето на одлуката за добивање датум за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ.

– Јас реков дека ова ќе го носам како нова лузна на моето лице, како што ги носам лузните од непријатните настани, коишто се случија во Собранието. Секако, очекувавме Европската Унија да го исполни своето ветување, коешто за жал не го исполни. Рекоа дека направиле историска грешка. И јас така ја нареков таа постапка – историска грешка. Ветувањето беше многу прецизно многу постојано, многу континуирано како признание за тоа што нашата земја помина низ еден сериозен процес на реформи, заради двата договори со Бугарија и Грција – истакна Заев.

Премиерот Заев искажа задоволство што сите 27 земји потврдиле дека Македонија е успешна и оцени дека за несогласувањето на Франција да се отворат преговорите со ЕУ со нашата земја, причината не сме ние.

За информациите дека постои иницијатива од Италија, да се врати прашањето за Северна Македонија на дневен ред веќе во ноември, на Советот за општи работи, премиерот Заев одговори:

– Сега јас малку ќе „закочам“ со мојата надеж и оптимизам. Нели бев најголем оптимист. Ние да си работиме, а тие дај боже побрзо да одлучат, да ги отворат поглавјата за нас, односно да ја донесат одлуката за почеток на преговорите“, заклучи Заев.

Премиерот Заев додаде дека веќе добил покана од италијанскиот премиер Џузепе Конте да се сретнат во вторник, на 29 октомври и ќе разговараат за оваа иницијатива која како што рече е подржана и од други премиери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот