Заедницата на српски општини сè уште е камен на сопнување на Вучиќ и Хоти. Не знае дали следниот состанок во Брисел ќе се одржи

Хоти: „Косово заврши со компромиси, “

Иако изминатите неколку дена поминаа во знакот на свечени церемонии на кои потпишуваа договори за големи американски инвестиции и најавуваа многу вработувања косовскиот премиер Авдула Хоти и претседателот на Србија Александар Вучиќ се пред сериозен предизвик.

И двајцата лидери изгледаат убедливо кога во јавноста изјавуваат дека постигнување на дијалог и заедничко решение меѓу Србија и Косово се од стратешки интерес овие две земји како и за регионот и Европската унија.

Но, Заедницата на српски општини е една од темите за која треба да се договорат. Оваа тема  сè уште претставува камен на сопнување за двете делегации.

Претседателот Вучиќ вели дека Србија е подготвена и ќе бидат упорни и ова прашање да биде дел од агендата.

„Подготвени сме за разговори, Заедницата на српски општини е неизбежна тема и ќе инсистираме на тоа“, изјави тој.

Од друга страна за Косово оваа тема е одамна затворена.

„За Здружението, како што појаснив, на оваа тема не се дискутира бидејќи е затворена со договорот од 2013 година, а потоа и со другиот договор од 2015 година. “ изјави Хоти и додаде дека не знае дали следниот состанок во Брисел ќе се одржи.

Премиерот појасни и дека за сите одлуки што ги носи косовската влада се во согласност со меѓународните партнери.

„Имало компромиси и за оваа Влада и за другите, кои се опишани како одлуки што го попречувале овој процес, ја знаете тарифата од 100 проценти, реципроцитет … Одлуките што сме ги донеле биле во консултација со меѓународните пријатели“ рече Хоти и нагласи дека најголемиот компромис што го направи Косово е тоа што се согласи да влезе во дијалог за мир со Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот