Заедничко учество на Крива Палнака и Лесковац на конкурсите на ЕУ за прекугранична соработка

фото: МИА

Претставници на Крива Паланка и на српската општина Лесковац разговараа за партнерство и за заедничко учество на конкурсите на ИПА фондовите за прекугранична соработка, соопшти Кабинетот на лесковачкиот градоначалник.

Во соопштението се наведува дека во таа насока биле преземени првите чекори, а дискусиите на работна средба ги воделе градоначалникот на Лесковац, Горан Цветановиќ со соработниците и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски со соработниците.

– Темата на состанокот беше заедничко учество во поднесувањето на предлог-проекти во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Србија и Северна Македонија, на кој се договорени првите чекори кон заедничко партнерство. Да потсетиме, вредноста на средствата на првиот повик, кој беше отворен минатата недела, изнесува 1,26 милиони евра, а повикот трае до крајот на септември, се наведува во соопштението, во кое се констатира дека оваа соработка уследила по минатонеделната посета на Лесковац на српскиот министер за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ, македонскиот министер за локална самоуправа Горан Милевски и шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Сем Фабрицио, кога првпат беше промовирана програмата.

Министерот Милевски во Лесковац изјави дека од ИПА инструментот на ЕУ на располагање има над 3,5 милиони евра или по 1,26 милиони евра за проекти во двете земји, само за овој јавен повик, а областите на кои се однесуваат проектите за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија се вработувањето, мобилност на работната сила, социјалната и културната инклузивност, потикнување на туризмот и зачувување на културното наследство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот