Заедничко соопштение на Стејт департмент, на Ерменија и на Азербејџан: Примирје во Нагорно-Карабах

Фото: EPA-EFE/AZIZ KARIMOV

Во заедничкото соопштение на Стејт департментот и владите на Ерменија и на Азербејџан се наведува дека од денеска стапува во сила хуманитарно примирје во судирот околу Нагорно-Карабах.

Соопштението доаѓа по состанокот во петокот помеѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и министрите за надворешни работи на Ерменија и на Азербејџан.

Во меѓувреме, Минск групата ОБСЕ наведе дека шефоовите на дипломатијата на Ерменија и на Азербејџан ќе имаат повторна средба на 29 октомри.

– Во текот на интензивните разговори, копретседателите и министрите за надворешни работи разгледуваа спроведување на итен хуманитарен прекин на огнот, посебен начин на контрола на прекин на огнот и клучните елементи на сеопфатно решение, се наведува во соопштението од Минск групата.

Претходните две примирја, постигнати со посредство на Русија не успеаа, а двете страни меѓусебно се обвинуваа за нивно прекршување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот