Заедничката комисија договорила по пет измени во учебниците во Македонија и Бугарија

Македонскиот тим во билатералната комисија за историски и образовни прашања со Бугарија одржа брифинг на кој беа презентирани усвоените решенија на Комисијата за заедничките чествувања на одредени историски личности како и препораки за подобрување на учебниците по историја.

– Тоа се препораки кои се однесуваат и на македонските и на бугарските учебници, а станува збор за по пет препораки кои секоја од страните треба да ги имплементира, а се однесуваат на античкиот период. Во иднина, авторите на учебниците би требало да ги земат предвид овие препораки. Препораките се однесуваат на структурални недоследности и грешки во датумите и локациите, рече Драги Ѓоргиев, ко-претседател на Комисијата.

Владата може, но не е обврзана да ги прифати овие препораки од Мешовитата комисија.

Исто така, Комисијата одлучила дека цар Самоил, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум, на одредени јубилеи и значајни датуми, ќе се чествуваат заедно со делегации од обете земји, додава Ѓоргиев.

Препораките попладнево се објавени на веб-страницата на македонското МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот