Заедничката историска комисија со Бугарија најверојатно ќе продолжи со работа и без Ѓорѓиев

Фото: mia.mk

Македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања и натаму е со шест члена наспроти седумчлениот бугарски тим историчари. Од МНР засега нема одговор дали на местото на Ванчо Ѓорѓиев, кој минатиот месец поднесе оставка обвинувајќи за политички притисоци, ќе се назначи нов член, објави Канал 5. Во меѓувреме, извори од Комисијата велат дека нема пречки за да се состанат со бугарските колеги.

-Најавената, засега усна оставка од Ванчо Ѓорѓиев не значи дека останатите членови и од македонска и бугарска страна не може да се состануваат. И порано се случувало некој да отсуствува поради некакви причини. Што се однесува до носењето на евентуални заклучоци, може да се носат и без еден член. За тоа е потребен само консензус, нешто на што цело време настојуваме. А кога некој не се согласувал со донесениот заклучок секогаш може да има свое издвоено мислење, брифираат од Комисијата за Канал 5.

Ѓорѓиев, како што писмено образложи во јавноста, се повлекол поради обиди за политичко влијание и директно мешање од страна на висок функционер во МНР. Владата го негираше тоа, а останатите членови во Комисијата тврдеа дека немало надворешно влијание и оти се почитувале принципите.

Македонско – бугарската Комисија одржа четири состаноци, а петтиот и последен за годинава, според најавите треба да се одржи во декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот