Заедничка вежба на војските на Украина, САД, Полска и Литванија

Фото: EPA-EFE/DAVE MUSTAINE
Во Украина денеска започна заедничка воена вежба со силите на САД, Полска и Литванија, кои ја поддржуваат Украина во тензиите со Русија.
Во западниот дел на Украина, во близина на границата со Полска, 1.200 војници со 200 борбени возила учествуваат во вежбата „Три мечеви 2021″ која ќе трае до 30 јули.

Вежбата е во рамки на регионалната програма за воена соработка меѓу Украина, Полска и Литванија, кои во 2014 година формираа заедничка бригада со 2.600 Полјаци, 570 Литванци и 340 Украинци.

Во последните месеци Украина беше домаќин на две воени вежби со армиите од земјите на НАТО, на југот и на Црното Море.

Русија, исто така, спроведе неколку маневри во последните месеци, особено во Црното Море.

Односите меѓу Киев и Москва се затегнати од 2014 година поради руската анексија на полуостровот Крим и конфликтот меѓу украинските сили и проруските бунтовници во источниот дел на Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот