Заедничка вежба на армиите на Македонија и Хрватска во ТЦ „Бисер“ (ГАЛЕРИЈА)

Фото: Слободен Печат/Арбнора Мемети

Со изведување на точката  „Егзерцир” и воено-акробатска вежба, припадници од Баталјонот за почести од Армијата на Македонија и од почесната чета на Вооружените сили на Република Хрватска денеска пред трговскиот центар „Бисер” презентираа изведби на строева извежбаност во работа со пушка.

Жителите на Аеродром имаа можност покрај познатата точка на македонските и хрватските гардисти да слушнат и кратка изведба на Воениот оркестар на Армијата, кој во претходниот период имаше повеќе заеднички настапи со воени оркестри на други армии, меѓу кои последниот беше во април кога настапија со воените оркестри на уште четири армии.

Активноста се спроведува врз основа на билатералната воена соработка за изведување заедничка обука меѓу двете армии, а ова е првпат припадници на овие две гардиски единици да имаат заеднички настап.

На денешниот настап, кој беше отворен за јавноста, присуствуваа државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, директорот на Генералштабот, генерал-мајор Зоран Милески, претставници од Амбасадата на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Министерството за одбрана и Генералштабот, Општина Аеродром, Град Скопје, воено-дипломатскиот кор и други.

[foogallery id=”86237″]

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот