Заедничка порака на верските заедници во Албанија

Останувањето дома и грижата за хигиената е на некој начин е љубов кон другите, бидејќи го спречува ширењето на „Ковид-19″.

Во актуелната состојба во Албанија и низ целиот свет поради пандемијата со Ковид19, довербата во Бога е најсилниот столб на кој може да се потпре човекот. Ова е заедничка порака на претставниците на четирите верски заедници во Албанија за подигнување на свеста за состојбата создадена како последица на коронавирусот и преземените мерки за да се спречи нејзиното ширење.

Баба Едмонд Брахамај,од бектешката, отец Или Дочи,од православната, имамот Газменд Ага,од муслманската и Ѓерѓ Мета,од католичната верска заеднца, преку заедничка видео-порака, апелираа до граѓаните да ги почитуваат преземените мерки и да останат дома.

„Да се сакаме еден со друг, како себе си” е дел од пораката што подразбира дека останувањето дома и грижата за хигиената е на некој начин е љубов кон другите, бидејќи го спречува ширењето на „Ковид-19″.

Додаваат дека Бог е со Албанците и посочуваат дека се молат за сите оние што се во првите редовиверски лидери, албанија

на борбата против пандемијата, но и за сите граѓани.

„Поздрав браќа и сестри, драги деца, млади , Албанци каде и да сте, вие не сте сами. Бог е со вас! Нашите срца се со вас! Вашите сакани се со вас, се молиме за вашето здравје, за болните и повредените, за медицинскиот персонал. Останете дома и заштитете го вашето здравје. Не заборавајте ги постарите и сиромашните. Ние сме Албанци и се сакаме, се поддржуваме едни со други,стои меѓу другото во пораката.

Се апелира да се шири љубов,почит и надеж.

„Ајде да шириме љубов, почит и надеж. Да ги отвориме нашите срца едни кон други, да се свртиме кон Бога. Да се сакаме едни со други како самите себе си. Божјата милост, помош и грижа, љубов и мир нека бидат над вас, завршува пораката која заедно ја прочитаа претставниците на четирите верски заедници во Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот