Заедничка изложба на Мице Јанкуловски и Јоргос Ксенос е поставена во галеријата „Лола Николау“ во Солун

Галеријата „Лола Николау“ во Солун е просторот во кој е поставена изложбата „Ко + егзистенција, со + чувство“ на Мице Јанкуловски и Јоргос Ксенос.

Проникливото око на галеристката Лола Николау успеало да го види дијалогот што тајно се развивал меѓу уметничките остварувања на двајцата уметници, а резултатот е претставен на изложба што беше отворена на 11 ноември и ќе трае до 9 декември 2021 година.

Станува збор за заедничко претставување, соживот, дијалог и комплементарност на двајцата сликари, кои доаѓаат од различни естетски традиции, но се спојуваат во заедничка естетика.

Мице Јанкуловски во галеријата „Лола Николау“ во Солун

Белешка за заедничкото претставување на уметниците состави грчкиот професор Манос Стефанидис, кој е куратор на изложбата.

– Мице Јанкуловски ги расплетува и ги разобличува своите густи, црни платна кои балансираат меѓу хероизмот и елегијата, егзистенцијалната драма и повторното оживување на внатрешниот хаос, тагувајќи за радоста на која човечките суштества немаат право, туку право да се потчинат, во отпорот. Црното, поточно црното-сивото, како симболи на отсуство и чувство на онтолошка ерудиција се негов постојан, експресивен избор.

Од друга страна, Јоргос Ксенос изложува мал избор од опусот на неговото најново творештво, кое се карактеризира со опседнатоста од спонтаното, директно пишување, голем гест монументално втиснат на хартија, но кој исто е и во потрагата по минимализам колку што може, и на кој сите сугерираат со најмалку гласно викање. Поцрнети стебла од дрвја како примитивни, хиерархиски фигури кои молат, со молење пророкувајќи ги претстојните, познати зла, и, секако, како симболични стапчиња од природата што постојано ја навредуваме, загадуваме и деградираме. Човекот цврсто стои против околината која го зачнала и го обдарила со незамислива моќ!

Двајцата творци со очигледните афинитети – опседнатоста со црното и чувството за монументална театралност, но и акцентот на самиот сликарски чин одамна ми го привлекуваат вниманието од многу причини и уште една: затоа што го бранат заедничкото, балканско наследство без страв или други психози, покажувајќи дека уметноста не раздвојува, туку само обединува со елиминирање на вештачките граници и субверзивни ривалства – напиша Стефанидис.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 105, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 13-14 ноември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот