Грција се подготвува да издаде десетгодишна обврзница во наредните 24 часа од која државата може да добие од 1,5 до две милијарди евра, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, според истите информации, Министерството за финансии на Грција преку обврзницата ќе се обиде да ги покрие зголемените трошоци за поддршка на економијата, додека пак целта на Агенцијата за управување со јавниот долг е во текот на оваа година да издаде обврзници во вредност од 12 милијарди евра.