Задолжително: Зошто треба да го миете конзервираниот зеленчук?

Unsplash
Unsplash

Во чипсот, пицата и во другата брза храна има голема количина сол. Но, што е со солта која ја содржи конзервираниот зеленчук?

Солта се користи како конзерванс, но и за да му даде вкус на зеленчукот. Зголеменото внесување сол лошо влијае на здравјето, го зголемува крвниот притисок, доведува до ризик од остеопороза, проблеми со бубрезите и др. Количината на сол во конзервираната храна знае да биде неверојатно висока – на пример, половина чаша пченка од конзерва содржи до 320 мг сол или 13 отсто од дневната дозволена доза.

За да го намалите нивото на сол од конзервираните зеленчуци, најдобро е пред употреба да ја исцедите течноста и да ги исплакнете со ладна вода. Според едно истражување, тоа ја намалува количина на сол од 9 до 23 проценти.

За жал, на тој начин се губат и дел од корисните нутриенти во зеленчукот, како на пример витаминот Ц, но сепак поважно е да се намали внесувањето на сол.

Секако друг начин е при купување да изберете конзерви на кои е наведено дека содржат ниско ниво на сол или се без сол. Најдобар избор секако се свежите и смрзнатите зеленчуци, кои не содржат воопшто сол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот