ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА НОВИТЕ СТУДЕНТИ: Немојте да бидете цимер од кошмарите!

цимери пријатели луѓе

Со почетокот на академската година, студентите од внатрешноста се сместуваат или во студентски домови или во станови.

Скоро сите ќе го делат сместувањето со најмалку еден цимер, па треба и да знаат до каде се границите.

За да имате мирен и убав цимерски живот (со исклучок ако живеете со партнер или брат/сестра), треба да почитувате одредени непишани правила.

1. Не го празнете фрижидерот. Имајте секогаш своја храна. Ако успеете да се договорите за делење на трошокот уште подобро, но никогаш не земајте без прашање нешто што не е ваше.

2. Не пуштајте гости во креветот на цимерот/цимерката. Ако си одат дома за викенд, нивниот кревет не е слободен. Вашите гости сместете ги во дневната соба, а ако немате услови, тогаш не ни канете.

3. Ако ја потрошите тоалетната хартија, ставете нова ролна.

4. Слушајте музика на слушалки, дури и ако имате ист вкус за музика.

5. Ако нешто истурите, веднаш избришете и исчистете.

6. Направете распоред за миење садови или пак, секој нека го мие своето.

7. Обидете се да не позајмувате пари од цимерите.

8. Во бањата не оставајте влакна и нечиста облека. Бидете уредни.

9. Имајте на ум дека со цимерите морате отворено да разговарате за проблемите, за да ви биде пријатен престојот на сите.

Исто така, можете да сметате на тоа дека ако сте пристојни и добри едни со други, можете да склопите трајни пријателства кои траат цел живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот