Задолжителни тестови за влез во Индија за патници од Велика Британија, Јужна Африка и Бразил

EPA-EFE/DIVYAKANT SOLANKI

За влез во Индија ќе бидат задолжителни молекуларни тестови за ковид-19 за луѓето кои директно или преку други држави пристигнуваат од Велика Британија, Јужна Африка и од Бразил со цел да се спречи ширење на новите видови на вирусот откриен во тие држави.

Индиската Влада синоќа соопшти дека авиокомпаниите ќе бараат патниците кои пристигнуваат од посочените земји да се изолираат.

Индија, која е на второ место по бројот на инфицирани луѓе, зад САД, досега ресистрирани се 187 заразени лица со британскиот вид на ковид-19 и најмалку четврица со јужноафриканската мутација на вирусот.

Досега во Индија околу 11 милиони луѓе се заразиле со ковид-19, но се претпоставува дека во земјата со 1,35 милијарди жители најверојатно се инфицирале приближно триста милиони. Додека од последици на ковид-19 починале над 155.000 луѓе.

Во Индија на 16 јануари почна имунизација на населението и досега 9,2 милиони луѓе примиле вакцина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот