Задолжителна маска и на палубите на бродовите и траектите во Грција

Бродовите и траектите во Грција пловат со дополнително зголемен капацитет од 80 и 85 отсто, наспроти 60 и 65 проценти колку што беше претходно, а од утре до 18 август, освен во внатрешноста, задолжителна е маската за патниците, и во надворешниот дел, односно на палубите, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска, три пати седмично ќе има состаноци со надлежните епидемиолози и министри за ситуацијата со Ковид-19, а утрово била донесен одлука за нови превентивни мерки, како што соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.

– Овие состаноци ќе се одржуваат за да се регистрираат случувањата, да се оценуваат податоците и соодветно да се прилагодуваат нашите активности за справување со пандемијата. На денешниот состанок беше одлучено следното: употребата на маска станува задолжителна и во надворешните делови на бродовите од утре до 18 август. Почитувањето на оваа мерка е клучно за да не се донесат подрастични рестриктивни мерки за капацитетот на бродовите. До 15 август се продолжува одлуката според која земјоделските работници кои излегуваат од земјата, немат право одново да влезат, соопшти портпаролот на грчката Влада.

Прочитајте и...  Шилегов: Трасата за новата улица Есенинова е скоро пробиена (ВИДЕО)

Бродовите и траектите во Грција за време на викендот почнаа да пловат со зголемен капацитет. Од 60 и 65 отсто исполнетост, сега се дозволени 80 (доколку во бродот нема кабини), односно 85 проценти (доколку располага со кабини) од вкупниот капацитет.

Пецас рече дека воведувањето маска и на палубите е поради тоа што било забележано во надворешниот дел на бродовите кои пловат кон грчките острови да има гужви и да не се одржува потребното растојание.

И покрај зголемениот број позитивни случаи во изминатите денови, Пецас рече дека епидемиолошката слика на Грција е многу подобра во споредба со други држави, истакна дека земјата успеала да ги контролира „увезените случаи”, а главниот непријател и понатаму е опуштеноста на граѓаните во внатрешноста на земјата.

Прочитајте и...  Википедија со нов дизајн, ќе биде достапна и за помладите

Сепак, објасни дека зголемениот број позитивни случаи, барем засега, не доведува до значаен притисок врз здравствениот систем на земјата, со оглед на тоа дека бројот на хоспитализиранит на Одделите за интензивна нега, како и бројот на пациенти приклучени на апарати е помал од оној во април и мај.

– Главниот извор на загриженост за поголемо ширење на вирусот во општеството се копнените граници од кои влегуваат Грците и оние кои имаат дозвола за престој, како и гужвите на општествени манифестации, гужвите во местата за забава и во јавниот превоз, истакна Пецас.

Токму затоа, во земјата се интензивирани инспекциите, а од петокот до вчера, надлежните органи, спровеле 6.610 контроли во цела Грција, биле регистрирани прекршувања во 434 случаи, изречени 494 казни во висина од 231.500 евра и забрана за работа од вкупно 195 дена.

Прочитајте и...  Пендаровски: Срамно и без преседан е политички да се полемизира од позиција на висок воен чин

– Зголемувањето, особено на административните казни со забрана на работа е многу големо во споредба со претходните викенди и ја потврдува опуштеноста што сите ја гледаме околу нас. Но, како што многу пати имаме кажано, ако се опуштиме, ќе го платиме тоа, посочи Пецас.

Портпаролот на грчката Влада на денешниот редовен брифинг со новинарите не ја исклучи можноста, доколку биде потребно и доколку новите мерки не донесат резултат, да се преземат и дополнителни.

Прочитај повеќе

Бројот на заразени со коронавирус во Франција надмина 500.000

Слободен печат

Дождот ја преполни канализацијата во Мексико: Сите се изненадија што пронајдоа во неа (ВИДЕО)

Слободен печат

Стопанските комори се задоволни од четвртиот пакет мерки за поддршка на компаниите и граѓаните

Воен авион се урна во Украина, најмалку 20 лица загинаа (ВИДЕО)

Слободен печат

Српскиот режисер и сценарист Горан Паскаљевиќ почина на 74-годишна возраст

Слободен печат

Кривокапиќ: Политичката судбина на Ѓукановиќ и Марковиќ ќе биде онаква како што заслужуваат

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Силно невреме во Црна Гора: Обилните врнежи предизвикаа поплави во Котор и Тиват (ВИДЕО)

Слободен печат

Пендрекот лесно се крева врз Роми

Валентина Т

Сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје вечерва блокиран заради поскапувањето на струјата

Слободен печат

Навални им се заблагодари на руските доктори и пилоти: Ви благодарам, вие сте добри луѓе (ФОТО)

Слободен печат

Лајчак: Дијалогот меѓу Белград и Приштина е одложен поради пандемијата

Слободен печат

Пожарот во Хуавеј го доби својот епилог: Пронајдени телата на три лица, пожарот „волшебно“ избил во истражувачкиот дел

Слободен печат