Негативен ПЦР тест не постар од 72 часа ќе биде задолжителен за сите патници кои ќе пристигнат во Швајцарија од 8 февруари.
Покрај тоа, оние кои доаѓаат од земјите на „црвената листа” ќе мораат да минат и десетдневен карантин, што може да го прекинат дури по седмиот ден со негативен тест.
За патниците кои летаат кон Швајцарија, контролата на негативните ПЦР тестови ќе се изврши пред качување во авион.
Исто така, сите патници ќе мора да остават податоци за контакт во иднина, преку електронска форма што треба да се пополни со цел побрзо да се открие синџир на зараза во случај на инфекција