Зад себе остави живописно наследство, почина Фидел Рамос, поранешен филипински претседател

Почина поранешниот претседател на Филипини Фидел Рамос/Фото: EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Поранешниот филипински претседател Фидел Рамос, кој ја водеше земјата низ редок период на филипински мир и напредок, почина денеска на 94-годишна возраст, објавија високи претставници.

Овој војник од кариера беше претседател на земјата од 1992 до 1998 година.

„Со голема тага дознавме за смртта на поранешниот филипински претседател Фидел В. Рамос”, рече Трикси Круз-Анџелес, портпаролка на сегашниот претседател Фердинанд Маркос Јуниор, син на починатиот филипински диктатор,  кој стапи на должност минатиот месец.

„Рамос зад себе остави живописно наследство. Историјата ќе го памети по неговото учество во големите промени во нашата земја, како воен офицер и врховен командант на воените сили”, додаде таа.

Се очекува семејството на Рамос подоцна во текот на денот да објави соопштение за неговата смрт.

Делегацијата на Европската унија на Филипините изрази сочувство, опишувајќи го Рамос како „посветен државник” кој „бил столб на демократијата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот