Зачувајте си го овој рецепт: Како да го направите најдоброто тесто за пица

Фото: Профимедиа

Сите знаеме дека тестото е, всушност, најдобриот и најважниот дел од пицата, а за да биде воздушесто, треба да го направите со една состојка што сите ја имаме секогаш во фрижидер.

Станува збор за јогуртот. Со помош на оваа состојка, вашето тесто за пица ќе биде совршено. Затоа ви подготвивме рецепт за тесто со јогурт, а резултатот ќе ве воодушеви. Најдобро би било ако имате време, да го замесите тестото и да го оставите во фрижидер преку ноќ.

Состојки:

– 250 милилитри јогурт
– 600 грама брашно
– 1 ќесичка сув квасец
– 100 милилитри масло
– 50 милилитри вода
– 1 лажичка сол
– прстофат шеќер

Подготовка:

Во мало тенџере или ѓезве сипете јогурт, па загрејте го додека не стане млак. Тргнете го садот од ринглата, па во садот сипете го јогуртот заедно со квасецот, шеќерот, водата и една лажица брашно. Измешајте сè и оставете го квасецот да се активира 15 минути.

Покријте го садот со крпа или алуминиумска фолија. Кога ќе нарасне квасецот, додајте масло и сол, помешајте, а потоа малку по малку додавајте брашно. Измесете го тестото, така што ќе се одвои од ѕидовите на садот. Обликувајте го тестото во погача и оставете го да отстои половина час во сад, покриен со крпа. Потоа, тестото е спремно, па можете да го расукате со сукало и да ги наредите состојките за пицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот