Зачестија кражбите на „црното злато“: некој си наточил два тона нафта од котларницата на прилепската гимназија

Фото: Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп / https://www.gimprilep.edu.mk/

Околу два тона нафта биле украдени од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ во изминативе денови, а непознатите крадци направиле штета од над 3.000 евра, соопшти МВР.

„На 06.07.2022 во ОВР-Прилеп пријавено е дека во Гимназијата Мирче Ацев во Прилеп забележано е како пред влезните скали има истурено нафта. Непознато лице со подесно средство ја отворило влезната врата од училиштето потоа со подесно средство ја отворил влезната врата од котларата, наполнил нафта и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и откривање на сторителот“, велат од СВР Битола.

Според проценките, гимназијата била оштетена за околу 200.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот